Showing posts with label награда. Show all posts
Showing posts with label награда. Show all posts

02 април 2008

НАГРАДЕН КОНКУРС

По повод 2 април, светскиот ден на литературата за деца
Издавачката куќа “ВЕРМИЛИОН” распишува

НАГРАДЕН КОНКУРС
ЗА КНИГА ЗА ДЕЦА КОЈА ПРОМОВИРА КУЛТУРА НА МИР

Право на учество на конкурсот имаат сите граѓани на Република Македонија. Пристигнатите дела треба да ги исполнуваат следните услови:

• Да бидат оригинални дела на македонски јазик и не смеат да бидат претходно објавувани;
• Да спаѓаат во жанрот роман или збирка раскази за деца;
• Да бидат наменети за деца од 8-14 годишна возраст;
• Да ги поттикнуваат децата да ги прифаќаат разликите и да одбиваат секаков вид на дискриминација, да ги прават поотворени кон другите култури и начини на живот и да ги промовираат концептите и идеите на толеранцијата и мирот.

Најдобрата необјавена книга за деца во служба на мирот и толеранцијата ќе биде наградена со откупна парична награда од 30.000 денари и ќе биде објавена.

Конкурсот е анонимен. Текстовите во електронски облик (компакт диск или дискета) треба да се предадат најдоцна до 15 септември 2008 година, во шифриран плик испратен на следната адреса:

ВЕРМИЛИОН
П.Фах 288
1001 Скопје

Во друг, посебно означен плик, што ќе биде отворен по изборот, треба да биде наведена шифрата и контакт информации за авторот на делото.

Доставените дела не се враќаат. Дозволени се номинации само од авторите на делата. Одлуката на жирито е конечна.

Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 15 ноември 2008. Свеченото доделување на наградата и претставувањето на објавеното дело ќе биде на 2 април 2009 година.

28 септември 2007

Златно перо за „Петар Пан во црвено“


Под мотото „Не го убивајте гласникот“, Меѓународната федерација на преведувачи на 30 септември го прославува Меѓународниот ден на преведувачите.

Во Македонија, како и секоја година и оваа по овој повод, Советот на Меѓународната средба на книжевни преведувачи – Тетово ги додели наградите за книжевен превод на дело објавенo во изминатата година.

Меѓу доделените награди, особена чест ни е што добитник на наградата Златно перо е Марија Тодорова за својот превод од англиски на македонски јазик на делото „Петар Пан во црвено“ од Џералдин Макоркран, во издание на Вермилион.

„Петар Пан во црвено“ е првото официјално продолжение на оригиналниот „Петар Пан“ од Џ.М. Бери.

Со секоја купена книга, читателите на „Петар Пан во црвено“ помагаат да се подобрат условите во кои се лекуваат децата на Институтот за белодробни заболувања - Козле.