Showing posts with label УНЕСКО. Show all posts
Showing posts with label УНЕСКО. Show all posts

12 септември 2007

Светски ден на писменоста

8 септември е прогласен од УНЕСКО за Ден на писменоста. Оваа година темата на која е ставен посебен акцент е „Писменоста и здравјето“. Во чест на Денот на писменоста, на Африканската регионална конференција за глобална писменост која се одржа на 10 септември во Бамако, Мали, УНЕСКО ги додели Наградите за писменост. Овие награди се доделуваат секоја година како признание за посебен придонес во борбата против неписменост.

Еден од петте добитници на награди е Проектот за книги за деца во Танзанија, невладина организација која работи на создавањето на култура на читање помеѓу младите, но и меѓу возрасните, преку зајакнување на локалната издавачка индустрија. Друг е организацијата Посегни и прочитај од САД која соработува со здравствените установи за да допре до децата од најсиромашните семејства кои најчесто не завршуваат училиште, промовирајќи писменост и култура на читање.

И неколку писатели се приклучија кон борбата на УНЕСКО против неписменоста. „Писателите за писменост“ е иницијатива во која учествуваат писатели како Маргарет Атвуд, Надин Годимер, Тони Морисон, Пауло Коељо и многу други. Во новата публикација на УНЕСКО, „Азбука на надежта“ , овие и други светски мајстори на пишаниот збор се залагаат за писменост за сите жители на нашата планета.

(фото: © UNESCO)

23 април 2007

Светски ден на книгата и авторските права


23 април е избран од УНЕСКО како ден кога се слават писателите и нивните дела.
Идејата за празникот потекнува од Каталонија, каде на овој ден традиционално се подарува роза за секоја купена книга.
Прославете го овој празник со убава книга која ќе ве развесели, натажи, подучи...