Showing posts with label ЕУ. Show all posts
Showing posts with label ЕУ. Show all posts

26 септември 2007

Европски ден на јазиците

Кон крајот на 2001, годината на јазиците, Советот на Европа го прогласи 26 септември секоја година за Европски ден на јазиците. Целта е низ Европа да се поттикне учењето на јазици. Во чест на овој ден насекаде низ Европа се организираат различни настани за деца, телевизиски и радио програми, курсеви за јазици и конференции.

Европската унија води политика на повеќејазичност. На Самитот во 2002 година во Барцелона се постави цел децата уште од мали да учат два странски јазика. Повеќејазичноста во ЕУ е поврзана со мобилноста на работниците и европската економија.


Европската унија инвестира повеќе од 30 милиони евра годишно за промовирање на учењето на јазици и лингвистичката разноврсност преку програмите Сократес и Леонардо да Винчи.