Showing posts with label Водниот коњ. Show all posts
Showing posts with label Водниот коњ. Show all posts

24 декември 2007

„Водниот коњ“ на филм

Утре, 25 декември 2007 година, се очекува премиерата на волшебниот филм за едно пријателство, базиран на книгата „Водниот коњ“ од Дик Кинг-Смит. Иако до некаде различна од онаа во книгата, приказната е забавна и ќе ја разбуди вашата фантазија без разлика на годините. Се зборува за односот на едно семејство и едно необично животно.

Допирајќи ја универзалната тема за магијата на пријателството, низ згодите со Крузо малиот Ангус созрева и учи да ја прифаќа реалноста.

Највозбудливиот дел од филмот се водните и подводните пловења на малиот Ангус на грбот на чудовиштето од Лох Нес.

Со еден збор одличен семеен филм.

Книгата на Дик Кинг-Смит можете да ја очекувате во книжарниците на македонски јазик во текот на февруари 2008 година во издание на Вермилион.