08 August 2019

Награда за литература за деца Вермилион

Издавачката куќа „Вермилион“ распишува конкурс за книга за деца

Поднесените дела треба:
• да имаат наративна форма
• да бидат наменети за деца од 8-14 годишна возраст
• да бидат напишани на македонски јазик
• да не биле досега објавувани

Особено внимание ќе биде посветено на текстови кои се во согласност со мисијата на Вермилион, а таа е да ги поттикнува децата да ги прифаќаат разликите и да одбиваат секаков вид на дискриминација, да ги прави поотворени кон другите култури и начини на живот и да ги промовира концептите и идеите на толеранцијата и мирот.

Текстовите треба да бидат испратени најдоцна до 10 октомври 2019 година на следната адреса: vermilion.books@gmail.com (со назнака: за конкурс) како документ прикачен кон пораката.

Дозволени се номинации само од авторите на делата. Одлуката на жирито е конечна.

Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 30 октомври 2019.

Тричленото жири ќе додели една награда, а делото ќе биде објавено. Жирито го задржува правото да не ја додели наградата.

Целта на овој конкурс е да се поттикне продукцијата на литературата за деца.