04 September 2018

Авантурите на Тори

Од оваа година "Тори и принцот-змија" од К. В. Јохансен е на листата на препорачани лектири. За сите кои се интересираа и сакаат да ја прочитаат оваа книга нови примероци ќе бидат достапни низ книжарниците во Македонија до крајот на месецов.

Доколку ви се допадна приказната за Тори и принцот-змија, побарајте ги и другите две книги во серијата за авантурите на Тори:

Тори и пиратската кралица

Еден ден додека го разгледува пристаништето во едно рибарско село, Тори е сведок на мешаница на пиратски брод. Капетанот на бродот, девојче по име Ана, сака да тргне на мисија за да го спаси татка си кој е заробен од пиратската кралица Невила. Но, ниту Ана ниту нејзиниот татко не се пирати. Дедото на Ана бил пират и знае каде е скриено богатството. Заедно со посадата од пензионирани пирати, Ана тргнува во потрага по богатството за да го спаси татка си.

Тори и жар-птицата (наскоро)

Капетанот Ана и нејзиниот пријател Тори впловуваат во пристаништето Кистипол, најголемиот град-држава на Големиот Јужен Континент. Таму го спасуваат Кокако и тргнуваат на опасно патешествие за да му помогнат да ја докаже својата невиност и да го најдат вистинскиот уништувач на најскапоцениот симбол на мирот на целиот континент, Ојон-Опалион. На долгото и опасно патување се среќаваат со многу необични суштества: песочни гоблини, маѓесници и... емуа?!


Преводот на сите три книги е на Марија Тодорова. Издавањето на овие книги е делумно поддржано од Канадската агенција за култура.