01 August 2018

Леон и Леонина



Најновото издание на Вермилион кое можете наскоро да го очекувате во книжарниците е романот-авантура за млади "Леон и Леонина" од писателката Светлана Слапшак.

Светлана Слапшак е писател, преведувач, професор и активист. Родена е во 1948 година во Белград, Србија. За нејзиното залагање за човекови права и мир во 1993 година ја добива ПЕН / Барбара Голдсмит наградата за слобода во пишувањето. Во 2005 година е номинирана за Нобеловата награда за мир како дел од групата “Илјада жени за мир”. Има напишано повеќе од 70 книги меѓу кои и авантурата “Леон и Леонина”. Предавала на многу југословенски, европски и американски универзитети. Од 1991 година живее во Љубљана, Словенија.

Преводот на македонски го направи Душица Димитровска. Преводот е финансиски поддржан од Традуки. На корицата е женски портрет од Елизабет Виже - Лебрен.