23 November 2017

Нов наслов во Теорија


Овој месец ја збогатуваме нашата едиција Теорија со уште еден наслов, "Чудесните светови на Алиса" од д-р Мерсиха Исмајлоска.

"Интермедијално остварување кое го промислува феноменот Алиса како еден културен феномен. Авторката мошне суптилно и особено оригинално и креативно го анализира низ призмата на теориите на фантастичното и чудесното, но и преку теориите за визуелните уметности, а го проследува и во доменот на популарната култура" - проф д-р Лидија Капушевска-Дракулевска.

Мерсиха Исмајлоска магистрирала и докторирала фололошки науки на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје, на катедрата за општа и компаративна книжевност, а работи на Универзитетот "Св Апостол Павле" во Охрид. Оваа е нејзина четврта книга.

Издавањето на оваа книга е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.