24 July 2016

Барт Мујарт е уметнички директор на саемот во Франкфурт 2016

Барт Мујарт е уметнички директор на саемот во Франкфурт 2016, каде Холандија и Фландрија се земја гостин. Вермилион го издаде на македонски неговиот роман за млади "Млечниот пат", во превод од фламански на Ели Пујовска.

"Барт Мујарт не им го сервира светот на своите читатели во мали залчиња. Во сите свои дела тој покажува колку е важно литературата за деца и млади да ги покажува сите четири агли на собата. Не само средината каде децата играат, туку сите агли, па дури и оние темните". Лидија Кокола, Букбрд.

Критичарите ги нарекуваат неговите дела поетски, кинематографски, сензуални. Неговите книги имаат добиено многу награди и дома и во странство, и се преведени на повеќе од дваесет јазици. Барт Мујарт пишува и драми, сценарија и песни, а често и самиот се појавува на сцена, како наратор на својата трилогија за животот.

Барт е роден во 1964 г. во Белгија како седми и најмлад син во семејството. Според традицијата во Белгија на секој седми син по ред автоматски кралот му е кум. Така Барт добива подарок, златна шолја и златно лажиче со изгравирана кралска круна и буквата Б.