Магде Ленче

Петре Димовски досега објавил повеќе од 20 дела, романи, збирки раскази и монодрами. Покрај за деца и млади, пишува и дела за возрасни. За своето литературно творештво досега има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца во 2008 година, за книгата "Големата авантура". Неодамна беше добитник на втората награда за краток расказ која ја доделува весникот "Нова Македонија", како и на наградата "Прозни мајстори" на фондацијата "Македонија презент". Димовски е носител и на посебно признание од "Битолски весник". За проектот „Македонска книжевност” Димовски го приредил и изборот од македонски раскази за деца. Тој живее и твори во Битола.
Наградата Вермилион се доделува за прозно необјвено дело наменето за деца од 8 до 14 годишна возраст, кое ги поттикнува децата да ги прифаќаат разликите и да одбиваат секаков вид дискриминација, ги прават поотворени кон другите култури и начини на живот и ги промовира концептите и идеите на толеранција и мир. Наградата се доделува по повод 2 април, роденденот на познатиот дански писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, кој во светски рамки се одбележува како Меѓународен ден на литературата за деца.