03 February 2015

Меѓународен ден на дарување книги

илустратор  Chris Haughton

Како и изминатите години, Вермилион и оваа година ја поддржува светската кампања за дарување книги. И овој 14 февруари, наместо чоколадни бомбони или цвеќе, подарете книга на некое дете.

Целта на оваа кампања е што поголем број на деца да имаат пристап до што е можно повеќе книги, без разлика дали нови, користени или позајмени, и на тој начин да се негува нивната желба за читање.

На 14 февруари споделете ја љубовта кон книгите и читањето со тоа што ќе му подарите книга на некое дете во кругот на вашето семество, на дете на пријател или едноставно на кое било дете кое сметате дека има потреба од книга. Можете да донирате книги во некоја организација која работи со деца од посиромашни семества, или едноставно да оставите книги во некоја просторија каде престојуваат деца. За повеќе идеи што можете да сторите за да го поддржите и вие Меѓународниот ден за дарување книги погледне на страната на организаторите.

Во исто време ги покануваме и сите автори за деца и илустратори за деца да се вклучат во кампањата. Илустраторите можат да подарат дизајн за постер или обележувач на страни, со кој би можеле да се разубават книгите кои ги подаруваме. Официјалниот постер дизајниран од илустраторот Крис Хатон можете да го преземете и користите од тука.