07 January 2015

Многу култури, една приказна

Меѓународниот ден на книгите за деца кој се слави ширум светот на 2 април, во 2015 година ќе биде под покровителство на Обединетите Арапски Емирати. Вермилион како и секоја година ви нуди превод на пораката.

“Зборуваме многу јазици и носиме различни култури, а сепак имаме исти приказни”

Меѓународни приказни ... народни приказни
Истата приказна разкажана
Со различни гласови
Во различни бои
А сепак непроменета ...
Почеток ...
Заплет ...
И крај ...
Истата приказна што сите ја знаеме и ја сакаме
Сите сме ја чуле
Во различни верзии од различни гласови
А сепак е секогаш иста
Јунак ... принцезa ... и негативец
Без разлика на кој јазик зборуваат
Како се викаат
Или како изгледаат
Постојано истиот Почеток,
Заплет
И крај
Секогаш истите јунак ... принцеза и негативец
Непроменети низ вековите
Ни прават друштво
Ни шепотат во сон
Нè заспиваат
Нивните гласови одамна исчезнати
Но живеат во нашите срца засекогаш
Бидејќи нè зближуваат во земјата на мистерии и фантазија
За сите различни култури да се сретнат во Една Приказна

Напишала: Марва Ал Акроби

Илустрација: Насим Абејан