27 May 2014

Разказ на подарок


фото: Василка Димитровска
Нашата драга авторка Ирен Ниг од Лихтенштајн, која го посети Скопје минатиот септември и ја промовираше својата книга „Зборообразувајќи ги местата“ во превод на македонски на Ксенија Чочкова, ни испрати разказ во кој е „зборообразувана“ нејзината посета на Скопје. Уживајте! 
А ако ви се допадне не заборавете да ја побарате книгата со разкази од Ирен Ниг во некоја од книжарниците.

Слетаното сонце

Таа беше на пат за Скопје, во Загреб, попатно запирање: голема златна топка, среде градот, „слетаното сонце“. Господ е Загреб; зелено. Dolazak, Odlazak, седум часа престој.  Dolazak, Odlazak ~ месечината на иста висина над Скопје, слетување во ноќта.
Ништо не знам за Скопје, светлина! е.
И мост, мостот ~ е.
Мирни луѓето, љубезни.
Блиц полнење, блиц посета; мостот... пееше детето ~ на германски, на македонски! пееше.
И мед ќе сетам, Македонија! мед ~ и прополис, и мали свеќи од пчелин восок, нив ги земам со себе! и ако се вратам, можеби ќе биде ветрот... неговото име го знам.
И попатно запирање, Загреб ~ и понатаму, место 16А до прозор, лет ОU464. И ќе биде пистата 14, таа што ќе нè пречека ... птицата цела! слета на нос -
Божо! се вика младиот маж до мене, го запишувам неговото име. Божо ~ има натпревар следниот ден, боксер, во лесна категорија. Don´t worry, го слушам пилотот како вели во следните денови, don´t worry, толку топол и нежен е неговиот глас. Златен пилот, златен Божо; живеам, здрава сум!
Божо правилно ме врза и ми ги смести рацете на наслонот на предното седиште, јас реков, па да се напиеме ладно пиво! а неговиот одговор: Не смеам да пијам денес, утре имам натпревар.
Да!
И една стара жена ми раскажува дека му се молела на Св. Антонио.
Го фаќам последниот воз за дома, никогаш некој сендвич не ми бил толку вкусен, толку прекрасен ~ десет франци смеам насмеано да платам, бидејќи заборавив да го поништам возниот билет на автоматот. Десет! На писта четиринаесет! целата убава птица.
Don´t worry.
Божо има натпревар следниот ден.
Јас на софата: воодушевувајќи се, смешкајќи се, смеејќи се ~
И младата жена со влажните очи е жива! прави проект за деца. Ѝ го запишувам моето име на банкнота од еден долар.
Двајцата Французи: генијални фотографии од нашата птица на нивниот мобилен телефон, а нивниот јазик! ммм, нека остане така.
Да пушам смеам, да пушам ~
Златен пилот, златен Божо.
Св. Пантелејмон, магичниот мал манастир во едно село високо над Скопје, останал цел низ вековите, ниеден земјотрес не го допрел, скапоценост ~ неговите фрески се од оние на првите чувства: Божјиот син како човек, божествата како луѓе, тие чувствуваат.
И сè останало цело.
Прашувам за ветрот; топол е ~ развигор.

Скопје има театар само за деца! Неодамна се изведуваше Волшебната флејта на Моцарт ~ и врел оролет, портокал! се пивнува од тенки чашки, долу во старата чаршија, слатко и кисело, оролет! како да ќе се сетам. Тие дадоа сè од себе! за детето да може да пее овде ~ на германски, на македонски! да пее. Сè од себе ~ дадоа тие... Св. Пантелејмон!

Нема ли сонцето нос? и слета ~ јас сум здрава и исончана! имам човечки живот. Детето! даде сè од себе.

Ирен Ниг, 2013