19 October 2013

Келтски приказни


Двете нови приказни кои ги имаме за вас доаѓаат од две келтски култури.

„Како да направиш Голем“ е приказна која се случува во шкотскиот град Единбург. Еда има тринаесет години но е многу плашлива, а сака да биде храбра. Мајкл Скот е нејзиниот нов, мистериозен пријател кој ќе и' помогне да го постигне токму ова. Мајкл има рецепт како да направи големо чудовиште од кал и потоа да го оживее. Прочитајте ја книгата за да дознаете како Еда Глувчето стана Еда Лавот. Алет Вилис за оваа книга ја доби наградата Келпис во 2011.

Првата книга од трилогијата „Новиот полицаец“ се случува во прекрасната природа во Кинвара во Ирска. Книгата е полна со ирски фолклор и ирска музика. Прочитајте ја оваа книга за да научите повеќе за Тирнаног, земјата на вечната младост. А за оние кои сакаат музика, оваа книга е буквално полна со музика, бидејќи има партитури за свирење над 20 ирски мелодии.  Некои мелодиите се создадени од самата авторка на книгата, Кејт Томсон.

Двете книги од англиски ги преведе Марија Тодорова, добитник на наградата „Златно перо“.