13 September 2013

Ирен Ниг во Скопје

Од 23 до 29 септември, во ЕУ инфо центарот во Скопје, ќе се одржи Саемот на книга - Програма за култура на Европската Унија. Вермилион ќе учествува на овој саем со неколку настани.

Гостинка ќе ни биде писателката Ирен Ниг од Лихтенштајн. Нејзината книга "Зборообразувајќи ги местата" ја доби наградата на ЕУ за литература во 2011 година. Вермилион оваа книга ја издаде на македонски јазик во превод на Ксенија Чочкова.

На 25 септември, среда, во 12 часот, Ирен Ниг ќе зборува за својата книга и за Лихтенштајн. Книгата ќе ја промовира Александра Соколовска. Додека авторката ќе чита, рецитира, а понекогаш и пее, извадоци од книгата. Кој сака, може да добие автограм од Ирен Ниг. Нејзината книга можете да ја најдете низ книжарниците во Скопје (Или-Или, Табернакул, Матица, ...)

Истиот ден, во 19 часот, слушнете кои се новите трендови во литературата за деца од професор Весна Мојсова Чепишевска.

Додека оние што се слободни на 28 септември, сабота, во 11 часот, ќе можат да присуствуваат на читање од книгите „Драг автору“ од Пол Меншип и „Алдабра“ од Силвана Гандалфи. Извадоци на англиски, македонски и италијански ќе читаат ученици.