21 March 2013

Изложба на илустратори за деца



Како дел од Фестивалот на книгите за деца, на 2 април, во 19.00 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“, ќе биде отворена и изложба на илустрации за деца на која иучествуваат седум македонски илустратори. Сите тие се пријавија и влегоа во потесен избор на конкурсите за илустратори кои „Вермилион“ ги објавува секоја година. Куратот на изложбата е Нада Пешева. Уметниците кои учествуваат на изложбата се: Катерина Соколова, Матеј Богдановски, Марија Настовска, Димитар Торбаков, Нита Муча, Дарко Алексовски и Анастасија Величковска.

„Станува збор за  автори - припадници на поновата генерација ликовни творци,  од кои  повеќето се блиски со својот ликовен израз, но и со своите ликовни  и  социолошки определби.  Сите тие иако различни во својот стил и израз, ги обременуваат илустрациите од вишокот визуелни информации, претпочитајќи ги јасната и потенцираната линија, чистите пејзажни плохи и површини.“ - пишува Нада Пешева.

Изложбата се организира под покровителство на Град Скопје.