16 February 2013

Фестивал на книгите за деца 2013

Од 2008 година Вермилион се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на книгите за деца кој се празнува низ цел свет. И оваа година на 2 април, роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, Вермилион ќе организира повеќе настани поврзани со промовирањето на литературата за деца и читањето книги.

Овогодинешниот покровител на Меѓународниот ден на книгите за деца е САД. Пораката ја напиша авторката Пат Мора, а илустраторот Ешли Брајан го направи постерот.

Книгоуживанција! Околу светот

Читаме, јас и ти
Буквите стануваат зборови,
зборовите книги
во рацете наши .

Од страниците се слуша шепот
на реки бурни екот
приспивна песна му пее
на месечко, дивиот мечок.

Во сиви замоци влегуваме
од раце дрвја се вијат до небо.
Храбри девојки летаат;
момчињата ѕвезди ловат.

Читаме, јас и ти, околу наоколу 
книгоуживанција околу светот

автор: Пет Мора
превод: Марија Тодорова


Вермилион, во соработка со Домот на култура Кочо Рацин од Скопје, ќе организира повеќе интересни настани:
  • промоција на неколку свои нови книги со настанот „Со книги околу светот“
  • првата изложба на илустрации за деца со десетина македонски илустратори за деца. куратор на изложбата е Нада Пешева
  • промоција на неколку теоретски книги поврзани со литературата за деца со трибина за значењето на книгите за деца