24 January 2013

Меѓународен ден за дарување книги!

Прекрасна идеја за прослава на 14 февруари - Меѓународниот ден за дарување книги има за цел што повеќе деца да добијат нови, користени или позајмени книги. Ние ќе даруваме, подарете и вие. 

Постерот е дизајн на индиската илустраторка за деца Прија Куријан 

Три едноставни чекори како да го одбележите денот:
1. Подарете книга на некое дете - вашето дете, дете на роднина или пријател.
2. Оставете книга во некоја чекалница или лоби. Оставете книга на место каде чекаат деца.
3. Донирајте книги. Книгите кои вашето дете ги пораснало, завиткајте ги и подарете ги на некое дете кое нема пристап до книги. Подарете ги во некоја организација, книжарница, дневен центар

Додадете го вашето име меѓу луѓето од цел свет кои даруваат книги.