02 December 2012

2012: Година на активно стареење

Дали знаевте дека 2012 беше Европска година на активно страреење. Пред да ја замениме оваа година со новата, да се потсетиме на нашите баби и дедовци и да им се заблагодариме за она што го прават за нас. Вермилион тоа ќе го направи со двете нови книги. Во двете главната улога ја имаат бабите, кои заедно со своите внуци заминуваат во авантура. Во едната бабата Мег е одличен возач на мотор и заедно со својот внук Зек трга на пат кој ќе ги води низ необични случки. Во другата баба Еја се претвора во желка, а Елиза, нејзината внука мора да ја открие тајната. Очекувајте ги наскоро овие две прекрасни приказни во книжарниците низ Македонија.


И уште една книга која спаѓа во оваа група, а ја очекуваме да излезе од печат почетокот на 2013 година е „Тори и пиратската кралица“ од Криста Јохансен. Ова е втора книга за авантурите на волшебното суштетсво Тори, која ќе ја преведеме на македонски јазик. Во оваа приказна главниот јунак Ана, внуката на познатиот пиратски капетан, ја води неговата остарена, но секогаш подготвена за авантури посада на спасувачка мисија. Дали ќе успее и што ќе се случи, откријте наскоро.