Ново во едицијата Теорија

Народните волшебни приказни, иако првенствено создадени не секогаш со идејата за децата како публика, сепак денеска многу често се читани од деца. Нашето најново дополнување на едицијата Теорија се занимава токму со овој жанр.
Во „Наратолошките аспекти на волшебните приказни кај Марко Цепенков“ Трајче Стамески ги применува класичните наративни постапки врз корпусот македонски волшебни приказни. Ова е „единствен и првичен потфат од областа за науката на фолклорот, поконкретно за македонските волшебни народни приказни ... она што ја чини македонската народна проза специфична, единствена, но и универзална.“ вели проф. Фанија Попова.