24 September 2012

Избран илустратор за „Внимавајте како играте“ на Ивона Шајатовиќ

Со задоволство би сакале да ве информираме дека илустрациите на Катерина Соколова беа избрани на конкурсот за илустратор објавен од Вермилион. Соколова ќе ја илустрира книгата „Внимавајте како играте“ на Ивона Шајатовиќ која во превод на македонски ќе биде издадена кон крајот  на годинава.

Им благодариме на сите кои се пријавија на конкурсот за илустрација. Примивме околу 40 предлози и со задоволство ги разгледавме сите.

„Внимавајте како играте“ е многу интересна книга за животот на деца во старателски семејства.  За ова многу деликатна тема авторката Ивона Шајатовиќ зборува отворено и без патетика. Приказната за тројцата штитеници - Каја, Бојан и Јасмина ќе ги плени читателите со реалноста и грижата на Каја за другите двајца сопатници на трновитиот пат до посвојување.

Во 2001 година Шајатовиќ ја добива наградата Ивана Брлич-Мажураниќ за најдобар необјавен ракопис за деца и млади до 14 години, а во 2003 година ја добива наградата Мато Ловрак за најдобар роман за деца.