22 August 2012

Конкурс за илустратор


Повикот за илустратор на книга за деца, поради летните одмори, е продолжен до 15 септември.

Заинтересираните илустратори треба да испратат најмногу три (3) оригинални илустрации по е-пошта во JPG формат на vermilion.books@gmail.com
со назнака: КОНКУРС ЗА ИЛУСТРАЦИЈА
Краен рок за пријавување: 15 септември 2012.

Избраниот илустратор ќе добие награда од 10.000 денари. Името на илустраторот ќе биде објавено во книгата, а по желба ќе има можност за изложба во склоп на промоцијата на книгата.
Илустрациите треба да се достават во JPG формат, не поголеми од 1 MB, со резолуција не поголема од 100 dpi.
Илустрациите мора да бидат означени на следниот начин: ПРЕЗИМЕ_ИМЕ_1.JPG, ПРЕЗИМЕ_ИМЕ_2.JPG, ПРЕЗИМЕ_ИМЕ_3.JPG

За текстот според кој треба да бидат направени илустрациите погледнете тука.