19 July 2012

На саемот на книги во Хонг Конг

Вермилион го посети 23от Хонгкошки саем на книгата,. Саемот беше поставен на 3 спрата и се очекува да биде посетен од околу милион луѓе. Со ова е еден од најголемите саеми на книги во Азија, а Хонг Конг е центарот на издавачката индустрија на кинески јазик. На саемот има повеќе од 500 изложувачи од 24 земји и региони.

„Детскиот рај“ беше сместен на целиот трет кат и посветен само на содржини за деца и млади. Вистински детски рај.


Наскоро можете да очекувате нови приказни од Вермилион со кои ќе отпатувате на Далечниот Исток.