Златното јаболко наскоро на англиски јазик

Збирката „Златното јаболко и други бајки“ од Христо Петрески содржи богатство на теми раскажани со несомнена наративна вештина, кои на извонредно успешен начин ги поврзуваат современите прoблеми од животот на децата со мотивите од народното творештво, притоа давајќи им нов живот на традиционалните приказни на различните народи кои живеат на нашето подрачје.
Книгата „Златното јаболко и други бајки“ е добитник на наградата на „Вермилион“ за најдобар ракопис за деца и млади што промовира мир и толеранција во 2011 година.