05 March 2012

Фестивал на детската книга

Датум: 31 март 2012, 12:00 – 14:00
Локација: МКЦ – Детски креативен центар

На овој ден светот го одбележуваме роденденот на познатиот дански писател за деца Ханс Кристијан Андерсен како Меѓународен ден на литературата за деца. Издавачката куќа за деца и млади Вермилион и Детскиот креативен центар заеднички го одбележуваат овој ден.

Со книга против војна и дискриминација
Ако сакаме некогаш да имаме вистински мир во светов 
ќе мора да почнеме со децата.“ - Махатма Ганди
Анита Аврамовска, проф. д-р Антоанела Петковска,
Христо Петрески и  проф. д-р Александар Прокопиев

Низ човечката историја, приказните биле често користени за пренесување на етиката, вредностите и општествената одговорност. Литература има моќ да трансформира, да ги смени ставовите и да помогне да се надминат предрасудите и стере отипите, истовремено создавајќи свест за толеранција и хуманост. Изложеноста на приказни се поврзува и со развојот на емпатија која е основна карактери стика на миротворците. Преку книгите кои им ги нудиме на децата можеме да им помогнеме да сфатат дека насилните решенија носат тешки последици и дека решавањето на проблемите води кон пријателство и заедништво.

Со цел да се зголеми бројот на книгу кои на децата ќе им овозможат да израснат во миротворци Вермилион секоја година распишува конкурс за необјавено прозно дело за деца кое промовира мир. Првиот добитник е авторот Христо Петрески, со книгата „Златното јаболко и други бајки“.

Вермилион исто така оваа година објави неколку книги со анти-воена содржина. На овој настан ќе ги помовираме:
„Џони сејачот„ од Франческо Д’Адамо (14+)
„Сите сакаме рај“ од Елс Бертен (14+)
„Последниот Елф“ од Силвана де Мари (9-13)

Како и книгите преку кои учиме за разликите:
„Девојчето од мраз и други бајки“ од Мила Павиќевиќ (9-13)
„Прва помош за самовили и други ѕверки од бајките“ од Лари Дон (9-13)
„Свежи јаболка“ од Рејчел Трезис (14+)

Традиционално, на овој ден Вермилион доделува донација од своите изданија. Овојпат донацијата од 100 книги ќе биде поделена во библиотеките на петте училишта кои го спроведуваат интегриран модел на образование создаден од Нансен дијалог центарот. Училиштата се: “Фридтјоф Нансен” во с. Шемшово; „Маршал Тито“, Струмица, „Атанас Нивичански“, Нова Маала, Василево; „Рајко Жинзифов“, Скопје; како и интегрираното средно училиште “Моша Пијаде” во општина Јегуновце.

Нансен дијалог центар е локална невладина, непрофитна организација, основана од Нансен академијата во Лилехамер, Норвешка и членка на Европската канцеларија за градење на мир. Во 2008 година НДЦ Скопје го лансираше првото Интегрирано основно училиште во Македонија, нудејќи интегриран модел на образование со цел повторно да се интегрираат етнички поделените училишта преку нов училишен модел.

За време на настанот писателот Христо Петрески ќе потпишува книги, ќе раскаже како сец создаваат книгите и ќе одговара на прашања од публиката.
 
Во текот на настанот и следните денови ќе можете да ја погледнете изложбата на младата македонската илустраторка за деца, Марија Настовска, илустратор на „Златното јаболко и тринаесетте ѕвезди“ од Христо Петрески