06 February 2012

Меѓународен ден на литературата за деца

Годинешниот покровител на Меѓународниот ден на литературата за деца е Мексико. Авторот Франциско Инохоса ја напиша пораката, а постерот е дело на Хуан Хедовиус. Денот на литературата за деца се слави на 2 април секоја година, роденденот на Ханс Кристијан Андерсен.

„Си беше еднаш една приказна која целиот свет ја раскажуваше. Всушност не беше тоа само една приказна ами повеќе, и тие почнааа да го полнат светот со сказни за непослушни девојчиња и заводливи волци, стаклени папучки и вљубени принцови, умни мачки и лимени војничиња, пријателски расположени џинови и фабрики за чоколади.  Го наполнија светот со зборови, поуки, слики и прекрасни ликови. Направија светот да се смее, да се чуди и да живее заедно. Му дадоа смисла. И оттогаш, овие приказни продолжија да се размножуваат, раскажани сто и еден пат: ’Си беше еднаш една приказна која цел свет ја раскажуваше...’“

Вермилион секоја година го одбележува овој светски ден со настан на кој се слави литературата за деца. На 2 април 2012 би сакле да ве поканиме на промоцијата на новата книга на Христо Петрески, изложба на двајца илустратори за деца, и многу други активности. Следете не’ за да ги дознаете деталите.