Саем во Болоња
Оваа година Вермилион за прв пат ќе присуствува на најголемиот меѓународен саем на книги за деца во Болоња. На саемот ќе го промовираме нашиот автор за деца Христо Петрески и неговата книга „Златното јаболко...“. Саемот во Болоња почнува на 19 март и ќе трае до 22 март 2012, а почесен гостин ќе биде Португалија. На саемот изложуваат претставници од околу 66 земји, а се случуваат најразлични активности, од состаноци, предавања, награди, до изложби на илустратори. Оваа година на саемот ќе биде доделена десетата по ред Награда во чест на Астрид Линдгрен, најпрестижната награда за литература за деца, која има за цел да ја промовира литературата за деца и читањето меѓу младите. Новост на овој саем ќе биде новата категорија во наградата Рагаци посветена на дигиталните изданија за млади.