24 December 2011

Награда за илустратор

На конкурсот за илустратор пристигнаа вкупно 24 илустрации. Изборот беше многу тежок, бидејќи сите пријавени илустрации беа интересни и квалитетни.

Наградената илустрација е на Mарија Настовска. Таа ќе ја илустрира книгата за деца „Златното јаболко“ од Христо Петрески во издание на Вермилион, која ќе можете да ја најдете во книжарниците до април 2012.

Честитки за победникот и благодарност до сите кои учествуваа.