Среќна Нова 2012
Драги пријатели на Вермилион,
Во текот на изминатата година издадовме седум нови наслови.
Во текот на изминатата година издадовме седум нови наслови.
Организиравме акција за донирање на книги во
која собраните 150 донирани книги и 50 примероци од нашите изданија им беа подарени
на децата во воспитно-поправните домови
за малолетни лица. Меѓународниот ден на литературата за деца, 2 април, роденденот на Ханс Кристијан
Андерсен, Го одбележавме со промоција на книгата „Легендата за Марфи
Компирката“, прво издание во Македонија приспособено на деца со дислексија , како
и изложба на илустрации од Димитар Торбаков. Младата словенечката уметница и
авторка Ева Петрич ја посети Македонија и со изложба го промовираше
македонското издание на својот дебитантски роман „Сите јадеа суши“. По втор пат
наше издание е добитник на Златно Перо за најдобар превод; оваа година тоа е
преводот на Ели Доезе од фламански јазик на „Розата и вепарот“.
Ви благодариме за уште една успешна година и се надеваме дека идната ќе биде уште поинтересна.
Со искрени желби за среќа и мир во Новата Година.
Ви благодариме за уште една успешна година и се надеваме дека идната ќе биде уште поинтересна.
Со искрени желби за среќа и мир во Новата Година.