01 October 2011

Златно перо за „Розата и Вепарот“

Ели Доезе е овогодинешниот добитник на наградата „Златно перо“ за својот превод од фламански на „Розата и вепарот“ од познатата фламанска авторка за млади Ане Провоуст. Многу сме среќни што издавачката куќа Вермилион прва објави превод од фламански оригинал и ја запозна македонската читателска публика со оваа многу интересна литература.
Ели Доезе досега за Вермилион покрај „Розата и вепарот“ ја преведе и „Книга за се’“ од Гус Каијер, а до крајот на годинава можете да ја очекувате и новата книга во превод на Ели Доезе. Станува збор за „Сите сакаме рај“ од уште една фламанска авторка, Елс Бертен.
Наградата Златно перо ја доделува Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи и Сојузот на литературните преведувачи на Македонија за најдобар превод објавен во изминатата година. Се доделува во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на преведувачите, 30 септември.