16 April 2011

Eва Петрич на штандот на Вермилион



Денеска од 12.00 до 15.00 часот авторката и уметничка Ева Петрич од Словенија потпишуваше примероци од македонскиот преводот на нејзината книга „Сите јадеа суши“, на штандот на „Вермилион“ на Скопскиот саем на книгата. Издавањето на оваа книга беше финансиски помогнато од програмата Култура 2007-2013 на Европската унија.

Ни беше задоволство што беше наша гостинка.

Оние кои пропуштија да ја запознаат денеска, ќе имаат можност да дојдат на промоцијата на нејзината книга во вторник, 19 април во КИЦ во 20.00 часот. Книгата ќе ја промовира Владимир Мартиновски. Ова истовремено ќе биде и отварање на изложба на фотографии и видео на Ева Петрич. Изложбата ќе биде промовирана од Маја Чанкуловска.