20 April 2011

Промоција и изложба на Ева Петрич



Вчера во 20 часот во Културно информативниот центар беше промовиран македонскиот превод на „Сите јадеа суши“ на словенечката авторка и уметничка Ева Петрич. Настанот свечено го отвори Амбасадорот на Република Словенија, г. Брајан Бергант, а книгата ја претстави проф. д-р Владимир Мартиновски. Истовремено беше отворена и нејзината изложба под наслов „Една големина одговара за сите“ која е тесно поврзана со книгата „Сите јадеа суши“. Изложбата ја промовираше Маја Чанкуловска-Михајловска.

Ви благодариме што со вашето присуство го направивте овој настан поубав.