02 April 2011

Денес се одржа Фестивалот на детската книга



Им благодариме на сите оние кои подарија книги во акцијата „Да им помогнеме на децата да го засакаат читањето“. Беа собрани околу 150 наслови, кои заедно со 50 нови книги од изданијата на Вермилион, ќе бидат подарени за децата од Воспитно-поправните домови во Македонија. Донацијата ја прими претставникот од Министерството за правда, Момчило Лазаревски,

Уште повеќе би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои со своето присуство во Детскиот креативен центар на МКЦ го збогатија Фестивалот на детската книга. Проф. Весна Мојсова-Чепишевска на многу непосреден и пријатен начин ни ја претстави „Легендата за Марфи Компирката“ од Овен Колфер. Елена Тодорова ни прочита извадок од книгата, а потоа им читаше на сите дечиња кои сакаа да слушнат повеќе од книгата. А сите присутни можеа да ја погледнат изложбата на илустрации од Димитар Торбаков.

На овој начин го одбележавме 2 април, Меѓународниот ден на литературата за деца. Се надеваме дека овој настан ќе создаде многу нови читатели.