31 March 2011

Фестивал на детската книга

Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на литературата за деца, на 2 април 2011 година со почеток во 12 часот, издавачката куќа Вермилион и Детскиот креативен центар на Младинскиот културен центар Скопје, организираат Фестивал на детската книга.

По овој повод, Вермилион за прв пат во Македонија ќе промовира книга погодна за дислексични и неволни читатели: „Легендата за Марфи Компирката“ од прочуениот ирски автор за деца Овен Колфер. Книгата и според содржината и според дизајнот е приспособена за деца кои имаат проблеми со читањето.
Дислексијата покрива цел спектар на проблеми, не само читање и пишување, туку и разбирање, меморија и организациски вештини. Овие деца успеваат да научат да читаат на 9 или 10 години, но сè уште не се подготвени за подолгите книги кои се препорачуваат за оваа возраст. Ним им се потребни многу покуси книги, но напишани од првокласни автори, со интересна содржина, реалистични ликови и заплет кој ќе им го задржи вниманието.

Книгата ќе ја претстави проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорка по светска и македонска книжевност за деца на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Издавањето на оваа книга беше финансиски помогнато од програмата Култура 2007-2013 на Европската унија.

П
ромоцијата ќе биде проследена со изложба на илустрации од книгата, од македонскиот илустратор Димитар Торбаков.