13 February 2011

Тори и пиратската кралица

Оние кои уживаа во авантурите на Тори и Палче во „Тори и принцот змија“, наскоро ќе можат да прочитаат нова епизода од патешествијата на Тори во „Тори и пиратската кралица“. Овој пат авантурата е поморска. Ана е млад капетан на мисија да го спаси татка си од Невила, пиратската кралица. Посадата на бродот ја сочинуваат дузина пензионирани пирати и нејзиното тајно оружје: Тори, најстарото Старо од Дивата шума. Пирати, волшебни богатства, морски змии, принц на пуст остров и кралство на кое му се заканува ушасна клетва...

„Тори и пиратската кралица“ е добитник на Наградата Лила Стерлинг која ја доделува Друштвото на писатели на Канада.

Авторката Криста Јохансен со серијата за авантурите на Тори ги води своите читатели на патување кое никогаш нема да го заборават.