Девојчето од лед и други бајки

Младата поетеса Мила Павичевиќ е родена во Дубровник во 1988 година. Студира компаративна литература и грчки јазик и литература на Универзитетот во Загреб. Добитник е на неколку литературни награди за млади писатели во Хрватска. Нејзината книга „Девојчето од лед и други бајки“, издадена во 2006 година, содржи 13 приказни, и е интересна комбинација на чудесното и натприродното кои се преплетуваат со реалното. Напишана е на таков начин што нема јасна граница или контраст помеѓу реалното и измисленото, меѓу можното и неможното. „Почестена сум со оваа награда и признанието на европско ниво ми значи многу“, вели Мила Павичевиќ која е и најмлада добитничка на Европската награда за литература.
Вермилион ќе им ја претстави оваа книга на своите читатели до крајот на оваа година.