31 December 2010

Среќна Нова Година

Драги пријатели на Вермилион,

Изминатава година презедовме неколку иницијативи кои далеку ги надминаа нашите очекувања. Издадовме четири нови наслови. Дониравме седум преводи на сликовници за нашите најмлади читатели кои се достапни на интернет страната на Меѓународната дигитална библиотека за деца. 150 примероци од нашите книги беа донирани за децата од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, дневните центри на организаците Сумнал и Мир, Домот за деца без родители „11 Октомври“ и „СОС Детско село“ од Скопје. Канадската авторка К.В. Јохансен ја посети Македонија и зборуваше за својата книга „Тори и принцот-змија“ во библиотеката Страшо Пинџур.

Ви благодариме за вашата поддршката која ќе ни овозможи да продолжиме да бидеме активни и во следната година.

Со искрени желби за среќа и мир во Новата Година.