15 November 2010

2011 IMPAC DUBLIN


Денеска беше објавена листата на номинации за највредната годишна литературна награда за дело објавено на англиски јазик, IMPAC DUBLIN 2011. Вкупно 162 наслови од 126 града и 43 земји од светот ќе се натпреваруваат за 100.000 евра. Интересно е што 42 книги се преводи, опфаќајќи 14 јазици, а 35 се дебитантски романи.

Меѓу номинираните е и книгата на Ева Петрич „Сите јадеа суши“ која до крајот на годинава ќе биде објавена на македонски јазик во издание на Вермилион. Во текот на 2011 Вермилион ќе објави уште еден превод, овојпат на еден од членовите на жири комисијата која ја доделува IMPAC наградата оваа година. Имено, станува збор за „Раседи“ на Ненси Хјустон. Другите членови на жирито се: Џон Бојн, Сузан Баснет и преведувачот Мајкл Хофман

Потесниот избор од околу 10 наслови ќе биде објавен на 12 април 2011, а добитникот на наградата ќе биде познат за јавноста на 15 јуни.