25 September 2010

„Кралскиот гавран“ од Ханс Вилхелм

Кралскиот гавране приказна за еден обичен гавран кој копнееше да биде посебен, различен. Кога и да ги здогледаше своите обични пердуви, Крафорд посакуваше да изгледа поинаку. Желбата му беше исполнета, но дали Крафорд стана посреќен?

Ова е уште една интересна и поучна приказна од Ханс Вилхелм, кој на македонски можете да го прочитате на интернет страната на Меѓународната дигитална библиотека за деца.

Повеќето од 200-те книги на Ханс Вилхелм се преведени на дваесет јазици и се адаптирани во анимирани телевизиски серии за деца низ целиот свет. Неговите книги имаат добиено бројни меѓународни награди и признанија.