06 September 2010

КОНКУРС ЗА КНИГА ЗА ДЕЦА

Издавачката куќа „Вермилион“ распишува конкурс за книга за деца

Поднесените дела треба:
• да имаат наративна форма
• да бидат наменети за деца од 8-14 годишна возраст
• да бидат напишани на македонски јазик
• да не биле досега објавувани
• да ги поттикнуваат децата да ги прифаќаат разликите и да одбиваат секаков вид на дискриминација, да ги прават поотворени кон другите култури и начини на живот и да ги промовираат концептите и идеите на толеранцијата и мирот.

Конкурсот е анонимен. Текстовите треба да се предадат најдоцна до 15 февруари 2011 година, во шифриран плик испратен на следната адреса:

ВЕРМИЛИОН
П.Фах 288
1001 Скопје
(со назнака: за конкурс)

Во друг, посебно означен плик, што ќе биде отворен по изборот, треба да биде наведена шифрата и контакт информации за авторот на делото. Доставените дела не се враќаат. Дозволени се номинации само од авторите на делата. Одлуката на жирито е конечна.

Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 30 март 2011, а победникот ќе биде јавно претставен на 2 април 2011 година.

Тричленото жири ќе додели една парична откупна награда, а делото ќе биде објавено. Жирито го задржува правото да не ја додели наградата.

Целта е да се поттикне продукцијата на литературата за деца.