20 August 2010

„Финбо“ од Џанаки Суријарачи

Џанаки Суријарачи од Шри Ланка својата прва книга ја напишала на осум годишна возраст, а првата книга ја објавила на 14 годишна возраст. Од тогаш има напишано над 125 приказни за деца. По професија е банкар, но Џанаки Суријарачи има повеќе таленти: таа пишува, слика, свири и танцува. Таа е автор и илустратор на своите приказни, а има компонирано и повеќе песни за деца. Нејзината издавачка куќа, Тикири, е специјализирана за книги за деца напишани на англиски, синхали и тамил.

Добитник е на Државната награда за книжевност, во категоријата литература за деца напишана на англиски јазик во 2004 и 2007 година. А во 2004 истата награда ја добила во категоријата
литература за деца напишана на синхала јазик. Оваа награда ја доделува министерството за култура на Шри Ланка. А во 2005 године е добитник на Бунка наградата од Фондацијата за култура на Јапонија и Шри Ланка.

Финбо е еден мал кит.
Тој е тажен бидејќи не може да игра криенка со пријателите - многу е голем и не може да се сокрие! Мајка му му кажува да не се срами од тоа што е поинаков. Финбо и неговите пријатели набргу ќе научат ја ценат големината на Финбо откако ќе западнат во невоља, а Финбо ќе ги спаси.