Уште две сликовници од Андреа Петрлик Хусеиновиќ
„Циконија циконија“ и „Оскар“ се двете нови сликовници илустрирани од Андреа Петрлик Хусеиновиќ, што можете на македонски да ги прочитате на интернет страната на Меѓународната дигитална библиотека за деца.
Кога хрватското село на белиот штрк е разрушено од војната, тој тргнува во потрага по ново место за живеење. Сепак, открива дека никаде не е како дома.
Оскар е слон кој живее во градот на слоновите, но сака да се запознае и со други суштества. Еден ден отпловува кон еден остров каде се запознава со една убава слоница и со многу други нови пријатели.