21 July 2010

„Неволји со Бен“ од Бери Луис Полисар

Бери Луис Полисар е добитник на наградата Избор на родителите. Има напишано шест книги и преку сто песни, снимени на девет различни аудио касети за деца.

Има настапувано во Белата Куќа, Кенеди Центарот и Смитсонијан Институтот. Неговите песни се снимени за „Улицата Сезам“ и објавени во „Викли Ридер“.

Дејвид Кларк, дипломирал како првенец на генерацијата на Филаделфија колеџот за уметност и Пенсилванија академијата за уметност. Работи како илустратор од 1984 година и веќе има илустрирано две книги на Бери.

Бен е во неволја, бидејќи е поинаков од сите останати. Проблемот е што Бен е мечка. Меѓутоа ова никој не го забележува, бидејќи сите се обидуваат да го направат како другите. Прочитајте какви неволји му се случуваат на Бен на страната на Меѓународната дигитална библиотека за деца, во превод на македонски јазик на Марија Тодорова.