07 July 2010

„Сино небо“ од Андреа Петрлик Хусеиновиќ




Андреа Петрлик Хусеиновиќ е родена во Загреб во 1966 година. Досега има илустрирано 21 сликовница. За време на учеството на УНЕСКО-БИБ работилницата во Братислава есента 2001 година, ја напиша и илустрираше својата прва самостојна сликовница „Синото небо“. За илустрациите во оваа книга ги доби наградите Григор Витез и БИБ (Биенале на илустрации Братислава) златната плакета во 2003 година. Оригиналните дела од книгата „Сино небо“ се дел од Меѓународната збирка во Чичиро музејот за уметност во Јапонија, една од најголемите збирки на илистрации од сликовници на светот

„Сино небо“ е приказна за едно тажно и осамено мало девојче кое сонува дека повторно ја гледа мајка си додека ги гледа облаците на небото. Еден ден среќава една необична птица која му помага на девојчето да се врати кај мајка си.

Благодарение на нашиот волонтерски проект, оваа книга сега можете да ја прочитајте и на македонски, на интернет страната на Меѓународната дигитална библиотека за деца.