27 June 2010

„Ѕверски убаво“ од Јелена Лужина

КНИГА НА ТАПЕТ

РОЗАТА И ВЕПАРОТ
Ане Провоуст
„Вермилион“, 2010

Ѕверски убаво

Што воопшто знаеме за фламанската литература, а особено за современата? Претпоставувам дека од ваквото банално прашање, само навидум реторичко, тргнале и сопствениците на малата скопска издавачка куќа „Вермилион“, кога решиле на македонски да го преведат мошне интригантниот роман „Розата и вепарот“, чија што авторка е Ане Провоуст, една од најпознатите фламански писателки (родена 1964 г. во Белгија). Ајде, признајте дека никогаш не го слушнавте името на таа жена, инаку потписничка на пет романи и исто толку книги есеи, која во изминатите дваесетина години, освен што интензивно пишувала и, протестантски ефикасна, интензивно си го гледала семејството (родила три деца), не запустувајќи ги своите „напоредни“ општествени ангажмани (2007 г. била кандидирана за членка на белгискиот Сенат, на листата на Зелените), успеала да изнасобере безмалку триесетина книжевни награди. Половина од тие награди се меѓународни, добиени откако книгите на Ане Провоуст биле преведени, та испечатени на најмалку петнаесет јазици..(повеќе)