Книги и магионичарски трикови
Во соработка со непрофитната организација од САД „Магионичари без граници“, Вермилион и Том Вернер донесоа магија во Домот за деца без родители „11 Октомври“, СОС Детско село и дневните центри на организаците Сумнал и Мир.
Библиотеките на Сумнал и Мир се збогатија со по 12 книги од 4 изданија на Вермилион, кои се надеваме дека ќе ги поттикнат децата да го искористат летниот распуст за повеќе да читаат.