16 April 2010

Канадската фантастика во Македонија

Децата треба да читаат од задоволство, а не затоа што им е обврска. Канадската авторка Криста Јохансен вели дека ова може да се постигне со многу читање уште од најрана возраст, со читање на што е можно повеќе различни книги. Криста им прочита дел од книгата „Тори и принцот змија“ на учениците од основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Скопје кои дојдоа во библиотеката „Страшо Пинџур“. По читањето поставија многу прашања на кои авторката со задоволство одговараше. Тие сакаа да знаат како е да се пишува, како се станува писател, од каде доаѓа инспирацијата.



Во своето интервју за „Време“ Јохансен вели дека едукацијата на возрасните за книгите за деца е исто така неопходна. На Универзитетот американ колеџ Скопје, во рамките на Денот на канадската култура, зборуваше за канадската фантастика заедно со проф. Дракулевска-Капушевска и проф. Урошевиќ, кој многу позитивно го оцени и романот „Тори и принцот змија“ и неговиот превод.



На саемот на книгата во Скопје, Криста В. Јохансен учествуваше на промоцијата на преводот на нејзината книга „Тори и принцот-змија“ заедно со м-р Трајче Стамески, потпиша голем број книги за оние кои го посетија штандот на Вермилион, и ја доби наградата „Ана Франк“ за најдобра книга за деца и млади во 2010 година.

.

За да дознаете како си помина Криста Јохансен можете да го прочитате нејзиниот дневник тука.