22 декември 2009

Награден конкурс за книга за деца

Потсетување дека се` уште е во тек конкурсот за необјавена книга за деца. Најдобрата ќе биде наградена со откупна парична награда од 30.000 денари и ќе биде објавена.

Право на учество на конкурсот имаат сите граѓани на Република Македонија. Пристигнатите дела треба да ги исполнуваат следните услови:

• Да бидат оригинални дела, на македонски јазик, кои не се претходно објавувани;
• Да спаѓаат во жанрот роман или збирка раскази за деца;
• Да бидат наменети за деца од 8-14 годишна возраст;
• Да ги поттикнуваат децата да ги прифаќаат разликите и да одбиваат секаков вид на дискриминација, да ги прават поотворени кон другите култури и начини на живот и да ги промовираат концептите и идеите на толеранцијата и мирот.

Конкурсот е анонимен. Текстовите треба да се предадат најдоцна до 15 февруари 2010 година, во шифриран плик испратен на следната адреса:

ВЕРМИЛИОН
П.Фах 288
1001 Скопје

Во друг, посебно означен плик, што ќе биде отворен по изборот, треба да биде наведена шифрата и контакт информации за авторот на делото. Доставените дела не се враќаат. Дозволени се номинации само од авторите на делата. Одлуката на жирито е конечна.

Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 30 март 2010, а победникот ќе биде јавно претставен на 2 април 2010 година.

21 декември 2009

Резултати од конкурсот за илустратор

Би сакале да им се заблагодариме на сите учесници на конкурсот за илустратор. На конкурсот пристигнаа вкупно 20 илустрации. Изборот беше многу тежок, бидејќи сите пријавени илустрации беа интересни и квалитетни. Сепак, жирито одлучи за победник да го избере Димитар Торбаков. Првонаградениот ќе ја илустрира книгата за деца „Марфи Компирката“ од Овен Колфер во издание на Вермилион, која ќе можете да ја најдете во книжарниците во март идната година.

Честитки за победникот и благодарност до сите кои учествуваа.