22 December 2009

Награден конкурс за книга за деца

Потсетување дека се` уште е во тек конкурсот за необјавена книга за деца. Најдобрата ќе биде наградена со откупна парична награда од 30.000 денари и ќе биде објавена.

Право на учество на конкурсот имаат сите граѓани на Република Македонија. Пристигнатите дела треба да ги исполнуваат следните услови:

• Да бидат оригинални дела, на македонски јазик, кои не се претходно објавувани;
• Да спаѓаат во жанрот роман или збирка раскази за деца;
• Да бидат наменети за деца од 8-14 годишна возраст;
• Да ги поттикнуваат децата да ги прифаќаат разликите и да одбиваат секаков вид на дискриминација, да ги прават поотворени кон другите култури и начини на живот и да ги промовираат концептите и идеите на толеранцијата и мирот.

Конкурсот е анонимен. Текстовите треба да се предадат најдоцна до 15 февруари 2010 година, во шифриран плик испратен на следната адреса:

ВЕРМИЛИОН
П.Фах 288
1001 Скопје

Во друг, посебно означен плик, што ќе биде отворен по изборот, треба да биде наведена шифрата и контакт информации за авторот на делото. Доставените дела не се враќаат. Дозволени се номинации само од авторите на делата. Одлуката на жирито е конечна.

Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 30 март 2010, а победникот ќе биде јавно претставен на 2 април 2010 година.