Повик за илустратор на книга за деца
Издавачката куќа за деца и млади „Вермилион“ бара илустратор/уметник за илустрација на корица и 20 помали внатрешни илустрации за книга за деца. Внатрешните илустрации треба да бидат црно-бели.
Ако сте заинтересирани ве молиме испратете најмногу три оригинални илустрации со максимална величина 130х200мм инспирирани од посочената книга на:
Вермилион
П.фах. 288
1001 Скопје
или по е-пошта во JPG формат: vermilion@t-home.mk
со назнака: КОНКУРС ЗА ИЛУСТРАЦИЈА
Краен рок за пријавување: 15 декември 2009
Избраниот илустратор ќе добие награда од 10.000 денари. Името на илустраторот ќе биде објавено во книгата, а по желба ќе има можност за мала изложба во склоп на промоцијата на книгата.
Синопсис:
Името Марфи Компирката сее страв во срцата на децата. Возрасните за неа мислат дека е мила стара библиотекарка, но децата ја знаат вистината. Тие знаат за пушката на компири која ја чува под работната маса. Направиш ли и најмал звук во библиотеката на Компирката и ќе си добиеш скапан компир. Се насмееш ли гласно, може никој повеќе нема да те види...
Браќата Вил и Марти Вудман добија наредба да го поминат летото во библиотеката, под надзор на страшната библиотекарка. Ќе најдат ли браќата начин да преживеат на килимчето во детскиот оддел во библиотеката или ќе откријат интерес кој ќе ги изненади и нив самите?